Вашингтон: САД оценуваат дека во Европа се зголемуваат анти еврејските вербални и физички напади

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека во Европа се зголемуваат анти-еврејските вербални и физички напади. Во првиот годишен извештај до Конгресот за глобалниот анти-семитизам, Стејт Департментот оценува дека оваа појава станува сериозен проблем во Русија и Белорусија со најмногу инциденти на ултра-националистите, а анти-еврејските активности се зголемиле и во Белгија, Холандија, Франција, Германија и Велика Британија.