Газа: Израелската армија ја завршила акцијата

Израелската армија соопшти дека ја завршила акцијата во северниот дел на Појасот Газа и вети дека 24 часа пред палестинските претседателски избори на 9-ти овој месец ќе се повлече од палестинските градови. Израелската акција започна откако од палестинските територии беа истрелани неколку ракети при што беа повредени тројца израелци.