Анкара: Нова лира во Турција

Во Турција од денеска влегува во промет новата турска лира, која е еквивалентна на еден милион сегашни турски лири. По дизајнот "новите турски лири" наликуваат на предходните банкноти, со скратени шест нули. Ликот на основачот на современата турска република Мустафа Кемал Ататурк ќе биде на секоја од банкнотите.