Газа: Петмина вооружени Палестинци загинале при акција на израелската војска

Петмина вооружени палестинци загинале во текот на изминатата ноќ при акцијата на израелската војска во Појасот Газа. Во судирите кои избувнале кога израелски тенкови влегле во градот Кан Јунис биле повредени и шест палестинци. Израелските сили наведоа дека убиените биле припадници на Хамас.