Милуз: Десет жртви во експлозија на гас

Во вчерашната експлозија на гас во една петкатница во Милуз, источна Франција, според последните информации загинале десет луѓе, додека дванаесет други биле повредени. Спасувачките екипи се уште трагаат по девет лица за кои се смета дека останале под урантините на зградата.