Багдад: Најмалку 13 загинати во експлозија на автомобил бомба

Најмалку тринаесет луѓе загинале, а пеесетина биле повредени во денешната експлозија на автомобил бомбапред седиштетото на водечката шиитска партија во Багдад. Полицијата соопшти дека бомбашот самубиец ја активирал бомбата пред домот на лидерот на партијата на Врховниот совет на Исламската револуција на Ирак Абдул Азис ал Хаким. Тој во нападот не бил повреден. Во одвоен инциден во близина на Самара во текот на изминатата ноќ загинал еден американски војник.