Тетово: Акција на полицијата за апсење на Лирим Јакупи

Едно лице загинало, а еден полицаец е повреден во синоќешната престрелка во Тетово откако вооружена група со тешко оружје отворила оган кјон полициската единица која била на задача. По претходно добиени сознанија дека во тетово се наоѓа вооружена криминална група предводена од Лирим Јакупи, државјанин на Србија и Црна Гора, МВР презеде мерки за нивно лишување од слобода. Откако врз полицијата бил отворен оган по што таа возвратила. Во престрелката едно лице од групата загинало, еден полицаец е ранет, две се лишени од слобода, а Лирим Јакупи се наоѓа во бегство. Групата бил сместена во стан во Тетово, а по акцијата полицијата заплени рачен фрлач на гранати и друго оружје.