Хондурас: Над 20 загинати во напад на вооружени лица

Над дваесет луѓе загинале синоќа во Хондурас кога вооружени лица пукале врз еден автобус и потоа, како што соопшти полицијата, оставиле заканувачка порака до водечките политичари во земјата. Агенциите јавуваат дека станува збор за предупредување поради тоа што владата во Хондурас била решена да се справи со организираниот криминал во земјата.