Шпанскиот суд покрена обвинение против мароканецот Хасан Ел Хаски за терористичкиот напад во март во Мадрид, кога загинаа 191 лице. Тој беше уапсен во минатиот петок на Канарските острови и е осомничен дека е лидер на мароканска исламистичка група, поврзана со Ал Каида и за планирање и подготовка на експлозиите во Мадрид.