Тирана: Дводневна посета на шефот на дипломатијата на СЦГ Вук Драшковиќ

Министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ денеска ја почнува дводневната посета на Албанија, на покана од неговиот албански колега Кастриот Ислами. Тоа е прва посета на еден шеф на дипломатијата на Србија и Црна Гора на Албанија од обновувањето на дипломатските односи меѓу двете земји во 2001-ва година. Како што е најавено, главни теми на разговорите ќе бидат ситуацијата во Регионот и на Косово, како и евро-атланските интеграции.