Шлезвиг: Разговори Шредер - Путин

Рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Герхард Шредер ги предводат денешените разговори меѓу владите на двете земји во замокот Шлезвиг на германско данската граница. Разговорите се фокусирани врз зацврстување на руско германската економска соработка. Путин по вчерашното пристигнување во Ханбург изјави дека го прифаќа предлогот, Германија и Европската Унија да се вклучат во дијалогот за решавање на конфликтот во Чеченија. Новинските агенции цитираат изјави од претставници на двете делегации дека Путин и Шредер се согласиле да ги почитуваат реултатите од повторените претседателски избори во Украина.