Багдад: Шиитските муслимански лидери ги повикаа приврзаниците да покажат воздржаност

Шиитските муслимански лидери во Ирак ги повикаа нивните приврзаници да покажат воздржаност по вчерашните напади со автомобили бомби во светите градови Наџаф и Кербала, каде што најмалку 62 лица загинаа, а над 100 беа повредени. Во нивниот апел се вели дека обидите за разгорување верска војна во Ирак и за спречување на изборите, нема да успеат.