Приштина: Нема информации за подготовка на нов конфликт во јужна Србија и Македонија

Нема причини да се верува дека некои групи од Косово подготвуваат вооружени судири во јужна Србија и во Македонија. соопшти синоќа УНМИК. „Ситуацијата на Косово е мирна и стабилна. Ние немаме информации што би претставувале причина да веруваме дека се подготвува нов конфликт во тие земји," изјави портпаролот на УНМИК Нерадџ Синг, за електронските медиуми во Приштина