Пакистан: Мушараф останува на чело на оружените сили и покрај најавите за повлекување

Пакистанскиот претседател Первез Мушараф изјави дека ќе остане на чело на оружените сили и покрај неговото претходно ветување оти до крајот на годинава ќе се повлече од таа функција. Мушараф најави дека во телевизиско обраќање ќе ги образложи причините за таквата одлука.