Багдад: Хемичарот Али ќе биде првиот претставник на екс ирачкиот режим кој ќе излезе пред суд

Хемичарот Али, еден од најблиските соработници на Садам Хусеин, ќе биде првиот претставник на поранешниот ирачки режим на кој ќе му биде судено. Ова денеска во Багдад го изјави ирачкиот министер за одбрана Хазим ал Шалан, кој додаде дека иако ова судење би можело да почне во наредната недела, сепак поверојатно тоа би било во средината на јануари. Хемичарот Али е обвинет за тешки злосторства извршени за време на режимот на Хусеин, меѓу нив и убивањето на голем број курди во северен Ирак.