Вашингтон: САД сакаат заминување на Ел Барадеј од челната позиција во МААЕ

Соединетите Држави соопштија дека би сакале Мохамед ел Барадеј по завршувањето на вториот мандат да си замине од челната позиција на Меѓународната агенција за атомска енергија. Според официјален Вашингтон станува збор за консензусот да не се служи повеќе од два мандата. Американски портпарол одби да го коментира извештајот на Вашингтон Пост дека бушовата администрација ги прислушкувала разговорите на Ел Барадеј со иранските дипломати за да дојде до информации со кои би бил попречен патот тој да го добие третиот мандат.