Мадрид: Меѓународниот исламски тероризам стои зад нападот во Мадрид

Шпанскиот премиер Хозе Запатеро оцени дека меѓународниот исламски тероризам стои зад нападот во Мадрид кога загинаа над 190 луѓе. Запатеро, пред парламентарната комисија која го истражува нападот, изјави дека таквиот заклучок е донесен врз основа на факти собрани во истрагата.