Скопје: Буџаку се повлече од владата

Кандидатот за министер за транспорт и врски за новата влада денеска писмено го известил мандаторот Владо Бучковски дека се повлекува од листата на кандидати за министри, соопштија од кабинетот на Бучковски. Известувајќи го мандаторот Бучковски за својата одлука, Буџаку вели дека на овој чекор се одлучил поради „бескрупулозната кампања“ на бившиот премиер Хари Костов и медиумите на македонски јазик, со која се создало ситуација во која тој како министер и потпретседател на ДУИ станал објект на напади и денигрирање. Тој додава дека со неговото повлекување сака да им овозможи на органите на правдата да ја осветлат до крај вистината и во својата изјава им се заблагодарува на својата партија и на мандатарот Бучковски за укажаната доверба. До одржувањето на собраниската седница за избор на нова влада, ДУИ до мандатарот ќе достави ново име за функцијата министер за транспорт и врски.