Хаг: За неколку недели Хашкиот Трибунал ќе испрати налог за апсење на Рамуш Харадинеј?

За неколку недели хашкиот трибунал ќе испрати налог за апсење на Рамуш Харадинај, пишува денеска лондонскиот Сандеј Тајмс повикувајќи се на високи западни представници на Косово. Според истиот извор Харадинај ќе биде обвинет за убиство на 40 српски и албански цивили 98-мата година во близина на село Глоѓане. Сандеј Тајмс пишува дека постои стравување оти апсењето на Харадинај кој е избран за премиер на косовската влада може да предизвика бран насилство во покраината слично на мартовските настани.