Палермо: Марчело Дел Утри осуден на девет години затвор поради поврзаност со Мафијата

Италијанскиот суд во Палермо денеска го прогласи за виновен и го осуди на девет години затвор Марчело Дел Утри поради неговата поврзаност со Мафијата. Дел Утри е еден од најблиските политички соработници на италијанскиот премиер Силвио Берлускони и е еден од основачите на неговата партија Форца Италија. Судот во Палермо на дел Утри му изрече и доживотна забрана да варши јавни функции.