Хаг: Самит ЕУ - Кина

Преставници на Кина и Европската Унија денеска во Хаг ги започнаа дводневните разговори посветени на економијата, човековите права и изборите на Тајван. Пекинг бара укинување на ембаргото за оружје што Унијата го воведе пред 15 години поради непочитување на човековите права во Кина. Според Брисел, од истите причини ембаргото ќе остане во сила. Германија и Франција пак сакаат ембаргото да биде укинато поради заинтересиираноста за бизнис со оружје со Кина.