Кабул: Хамид Карзаи официјално претседател на Авганистан

Авганистанскиот претседател хамид Карзаи на денешната церемонија во Кабул и официјално ја презеде функцијата. Меѓу 600-тините гости беше и американскиот вице претседател Дик Чејни. Авганистанските и меѓународните сили презедоа засилени мерки за безбедност како превенција од можни инциденти.