Софија: Почнува средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ОБСЕ

Шефовите на дипломатиите на 55 те членки на ОБСЕ денеска ја започнуваат дво-дневната дебата за стратегијата за соочување со новите предизвици за стабилност и безбедност во 21 век. Се очекува ситуацијата во Украина да се наметне како една од поважните теми. Повеќе од 1000 припадници на безбедносните служби се ангажирани за средбата во националната палата на која учествуваат и министрите на Соединетите Држави и Русија Колин Пауел и Сергеј Лавров.