Бопал: 20 години од една од најголемите индустриски несреќи во светот

Во индискиот град Бопал, преживеаните на една од најголемите индустриски несреќи во светот ја одбележуваат 20 годишнината од хаваријата во една хемиска компанија кога од отровен гас настрадаа илјадници луѓе. Индиската влада соопшти дека во тогашната несреќа загинале 15 илјади луѓе, но локалните активисти велат дека бројот е двојно поголем.