Белград: Обид за атентат врз српскиот претседател Тадиќ

Службеното возило во кое се наоѓал претседателот на Србија Борис Тадиќ било нападнато синоќа во Белград, но тој останал неповрден, соопшти прес службата на Тадиќ. Автомобил Ауди во неколку наврати се обидел да удри во возилото во кое бил претседателот Тадиќ, но било оштетено само едно возило од придружбата, по што Аудито со голема брзина побегнало.