Киев: Состаноци на Врховниот суд и парламентот за претседателските избори

Украинскиот Врховен суд и украинскиот парламент денеска ќе заседаваат во врска со политичката криза што ја зафати земјата по претседателските избори. Врховниот суд треба да се произнесе по жалбите на опозицијата дека изборите биле фалсификувани со цел на нив да победи премиерот Виктор Јанукович. Праламентот пак, на итна седница ќе расправа за планот на опозицијата да покрене гласање за доверба на владата.