Њујорк: Советот за безбедност ќе ја разгледува ситуацијата на Косово

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска треба да ја разгледа ситуацијата на Косово. Имено, шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен ќе поднесе извештај за работата на мисијата на Светската организација во изминативе три месеци и за достигањето на стандардите на демократско општество. На седницата ќе биде претставен и извештајот на генералниот секретар Кофи Анан во кој се оценува дека е прерано да се зборува за долгорочниот статус на Косово.