Пјонгјанг: Не се отстрануваат сликите на лидерот Ким Ил Џонг

Во Северна Кореја не се отстрануваат сликите на лидерот Ким Ил Џонг, синот на Ким ил Сунг објави државната новинска агенција на таа земја. Такво нешто не се случило и нема никогаш да се случи, сооптштува агенцијата. Информациите за отстранување на сликата на лидерот за кој постои култ на личноста државната информативна агенција ги нарече лажни шпекулации кои се дел од специјалната војна што се води против Северна Кореја.