Киев: Продолжуваат разговорите на двајцата претседателски кандидати

Претставниците на двајцата претседателски кандидати денеска треба да ги продолжат разговорите за решавање на политичката криза во земјата по изборите одржани минатата недела. Опозицијата во Украина која го подржува Виктор Јушченко ги повика своите симпатизери денеска да направат пауза во демонстрациите и да ги продолжат утре пред зградата на Врховниот суд кој треба да даде решение за изборните резултати.Сепак агенциите јавуваат дека на централниот плоштад во Киев и покрај ниските температури сеуште има демонстранти. Но, истовремено во источните делови на Украина приврзаниците на провладиниот кандидат Виктор Јанукович протестираат поради анулирањето на изборните резултатити. Тие се заканија дека ќе спроведат рефередум за автономија доколку Јанукович не биде прогласен за председател. Украинскиот парламент вчера усвои резулуција со која ги прогласи резултатите на претседателските избори за невалидни поради голем број нерегуларности при гласањето. Законодавниот дом побара одржување нови избори на 12 декември.