Багдад: 17 политички партии бараат одложување на изборите во Ирак

Седумнаесет ирачки политички партии побараа одлагање на изборите, закажани за 30 јануари, за најмалку шест месеци додека власта не биде во состојба да обезбеди гласачки места. Партиите, од кои поголем дел се сунитски, курдски и секуларни групи, потпишаа манифест во домот на угледниот сунитски политичар Аднан Пачачиј, кој смета дека владата чека на такво барање пред сериозно да се зафати со прашањето дали изборите можат да се одржат до крајот на јануари. Шиитските партии се залагаат изборите во Ирак да се одржат на време, но сунитското малцинство не е убедено во успехот на изборите поради немирите во сунитските региони во централен и северен Ирак. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека ирачката изборна комисија се согласила изборите да се одржат во јануари и изрази надеж дека тоа и ќе се случи.