Виена: Состанок на Бордот на директори на Меѓународната агенција за атомска енергија

Бордот на директори на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Виена ќе го разгледа извештајот во врска со иранската нуклеарна програма. Агенцијата не најде докази дека Иран планира да изработи нуклеарно оружје, но изрази загриженост дека Техеран можеби има скриени нуклеарни капацитети.