Њујорк: Насилството врз жените глобален проблем

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан предупреди дека насилството врз жените е глобален проблем, кој ги засега сите култури и сите општествени слоеви. Во соопштението по повод светскиот ден на борбата против насилството врз жените, Анан предупреди дека проблемот посебно доаѓа до израз во оружените судири, каде што честа појава е и сексуалното злоставување.