Брисел: Хрватска и Македонија ќе бидат подготвени за членство во ЕУ пред Турција

Хрватска и Македонија ќе бидат подготвени за прием во Европската Унија пред Турција, изјави за австриската новинска агенција АТА специјалниот координатор на Пактот за стабилност Ерхард Бусек. Сепак, според Бусек, постоело големо заостанување на Македонија во однос на Хрватска. Сите балкански земји заедно, изјави Бусек, се само една четвртина од големината на Турција и затоа со приемот на тие држави Унијата треба да ја напушти сегашната политика со која се предвидува секоја членка да добие по еден комесар. Според Бусек, Европската Унија не смее да го заборави она што го ветила, стабилизација на Балканот.