Најроби: Усвоена резолуција на Советот за безбедност на ОН за Судан

Советот за безбедност на Обединетите Нации усвои резолуција во која се бара од суданските завојувани страни примирје и да овозможат доставување хуманитарна помош. Претставници на владата во Картум и бунтовниците треба потпишат договор за мир до крајот на годинава. Советот за безбедност одржа седница во кенискиот главен град Најроби, каде што претходно претставници на завојуваните страни во Судан писмено се обврзаа дека ќе ја окончаат 21-но годишната граѓанска војна. Некои меѓународни хуманитарни организации оценија дека резолуцијата на Советот е слаба и оти без конкретна акција, во регионот Дарфур ќе има нови страдања.