Стразбур: Европскиот парламент гласа за новиот состав на Европската комисија

Европскиот парламент денеска во Стразбур треба да гласа за новиот состав на Европската Комисија. Претседателот на Комисијата Хозе Мануел Барозо пред дваесетина дена беше принуден да направи извесни измени во кабинетот, особено во врска со предложениот министер од Италија и неговите конзервативни ставови.