Лондон: Посета на Жак Ширак

Францускиот претседател Жак Ширак денеска во Лондон ќе присуствува на одбележувањето на стогодишнината од договорот со кој завршија неколкувековните војни и непријателства меѓу Франција и Британија. Пред неговата посета на Лондон, Ширак во интервју за Би Би Си оцени дека Соединетите Држави и Британија со инвазијата врз Иак, го претвориле светот во поопасно место за живеење.