Хаг: Започнува одбраната на Милошевиќ

Со исказот на професор Михајло Марковиќ, денеска пред Хашкиот трибунал ќе започне одбраната на Слободан Милошевиќ, обвинет за воени злосторства. Марковиќ, кој се сметаше за идеолог на Социјалистичката партија на Србија, ќе биде прв сведок на одбраната кој ќе биде распрашуван лично од Милошевиќ, откако Советот на трибуналот му го врати правото да се брани сам.