Лондон: Блер задоволен од разговорите со Буш

"Задоволен сум од разговорите во Вашингтон затоа што со претседателот Буш ги договоривме чекорите што треба да се преземат за да се дојде до траен мир", изјави британскиот премиер Тони Блер во разговорот со британските известувачи што го следеа на неговата работна посета во САД, прва по реизборот на Џорџ Буш.