Пекинг: Загинаа триесет и тројца рудари

Кинеските власти соопштија дека во вчерашната несреќа во еден рудник во провинцијата Хенан загинале триесет и тројца рудари. Се додава дека овој рудник за јаглен, поради безбедносни прични, официјално бил затворен, но оти во него сепак илегално се работело. Во минатата година во рударски несреќи во кина загинале над осум илјади рудари.