Њујорк: Намален степенот на опасност од тероризам

Американската влада го намали степенот на опасност од терористички напади врз финансиски институции во Њујорк, Њу Џерси и Вашингтон. Овој степен беше зголемен пред три месеци, по разузнавачките информации дека Ал Каида би можела да изврши напади врз финансиски институции во овие три градови.