Кабул: Милитантите мора да бидат разоружани

Американскиот заменик државен секретар Ричар Ермитаж изјави во Кабул дека милитантите во Авганистан мора да бидат разоружани за да можат напролет непречено да се одржат парламентарните избори. Ермитаж оцени дека засега разоружувањето на многуте фракции во земјата се одвива многу бавно.