Кабул: Авганистанската влада се надева на ослободување на тројцата киднапирани работници на ОН

Авганистанската влада изрази надеж дека киднаперите ќе ги ослободат тројцата работници на Обединетите Нации што ги држат како заложници. Имено, како што е соопштено во Кабул, владата го разгледувала барањето на милитантната група за ослободување на дваесет и шест талибанци кои се во затвор. Оваа група се закани дека ќе убие еден од заложниците доколку, талибанците не бидат ослободени во текот на денов.