Виена: Ел Барадеи претпазлив оптимист за договорот ЕУ - Иран

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи со претпазлив отимизам реагираше на веста дека Европската Унија и Иран постигнале договор околу контроверзната иранска нуклеарна програма. Барадеи преецизираше дека се уште не ги знае деталите на договорот постигнат на разговорите меѓу двете страни во Париз. Тој сепак изрази надеж дека во договорот е предвидена суспензија на програмата на Иран за збогатување на ураниумот.