Фалуџа: Продолжуваат судирите со бунтовниците

Американските и ирачките сили ги продолжуваат борбите со бунтовниците во предградијата на Фалуџа. Новинските агенции јавуваат дека американските војници успеале да ја преземат контролата врз главната болница во Фалуџа, како и врз два важни мостови на реката Еуфрат. Веќе неколку недели околу десет илјади војници го држат под опсада овој град кој, скоро секојдневно е бомбардиран од американски авиони и артилерија. Според некои извештаи, наскоро би следела голема офанзива со цел да се победат, како што се верува, околу петте илјади ирачки бунтовници во Фалуџа.