Багдад: Најмалку 50 загинати и над 60 ранети во серија напади во Ирак

Најмалку 50 загинати, а повеќе од 60 ранети е билансот на серијата напади извршени вчера и денес на повеќе места во Ирак од страна на бутновниците. Во еден од нив изутрината биле стрелани повеќе од 20 ирачки полицајци во градот Хадита. Се проценува дека нападите имаат за цел да го насочат вниманието на сојузничката коалиција од подготовките за веќе најавената обемна офанзива врз Фалуџа која е под контрола на бунтовниците.Според најавите во офанзивата ќе учествуваат повеќе од 10 илјади американски војници.