Атина: САД денеска ќе ја признаат Македонија под уставното име?

Грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис, ја одложил за денеска планираната посета на Брисел и го повикал на консултации американскиот амбасадор во Грција поради информацијата дека Соединетите Држави се подготвени да ја признаат Република Македонија под нејзиното уставно име. Како што јавуваат агенциите, Соединетите Држави би можеле да ја објават таквата одлука уште денеска.