Киев: Украинската изборна комисија ќе ги објави резултатите од изборите

Украинската изборна комисија денеска треба да ги објави конечните резултати од првата рунда од претседатлските избори во таа земја. Приврзаниците на опозициониот кандидат Виктор Јушченко вчера ги обвинија властите дека го местат исходот на изборите. Според последните неофицијлни резултати, Јушченко и провладиниот кандидат Виктор Јанукович добиле по триесет и девет насто од гласовите. Европската Унија и Соединетите Држави оценија дека неделните избори во Украини не биле спроведени според демократските стандарди.