Багдад: Најмалку 12 загинати во два напади со автомобил бомби

Најмалку дванаесет луѓе загинале во два одвоени напади со автомобили бомби во Багдад и во Мосул, јавуваат агенциите. Нападите се случиле синоќа и во нив имало и многумина други повредени. Во меѓувреме, ирачката полиција денеска соопшти дека во предградие на Багдад бил грабнат еден либанско американски работник кој бил во служба на американските сили во Зелената зона.