Вашингтон: САД загрижени во врска со утрешните претседателски избори во Украина

Соединетите Држави изразија загриженост во врска со утрешните претседателски избори во Украина. Американската мисија во ОБСЕ ја предупреди украинската влада дека ќе се соочи со казнени мерки доколку изборите не минат во мирна и фер атмосфера. Во соопштението се додава дека владата вршела силен притисок врз медиумите во полза на прорускиот кандидат, инаку сегашниот премиер Виктор Јанукович.