Њујорк: Анан го поздрави потпишувањето на европскиот устав

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан денеска го поздрави вчерашното потпишување на првиот устав на Европската Унија, оценувајќи го како пресвртница во Европската историја. Уставот, според Анан, претставува уникатна можност за зачувување и зацврстување на демократијата, мирот и развојот на Унијата.